Достапни линкови

Хисени:Косово очекува нови признавања


Десетици држави се подготвени да ја признаат независноста на Косово по одлуката на Меѓународниот суд дека декларацијата за независност е во согласност со меѓународното право, изјавил косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени, во интервју за Дневни Аваз. Тој изјавил дека министри за надворешни работи и високи дипломати од десетици држави го известиле за намерата да го признаат Косово по одлуката на Судот. Досега Косово го признаа 69 држави меѓу кои САД и 22 од 27-те членки на Европската унија. Хисени очекува 5-те држави кои не го признале Косов да го сменат ставот.
XS
SM
MD
LG