Достапни линкови

Русија:САД го прекршуваат договорот за разоружување


Москва ги обвини Соединетите држави дека го прекршиле договорот за разоружување потпишан со Русија, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитриј Медведев во април во Прага го потпишаа најопфатниот договор за нуклеарно разоружување. Русија сега ги обвинува САД дека го прекршиле претходникот на тој договор, СТАРТ 1, што истече на 1. декември 2009. година. САД, спротивно на тој договор, базата Ванденбург ја опрема со пресретнувачки ракети. Дополнителна причина за загриженост за Москва претставува и повторното вооружување на американските бомбардери. Русија тврди дека САД повторно ги прекршил одредбите на договорот за биолошко и хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG