Достапни линкови

Професионалните војници бараат да им се реши статусот


Независниот синдикат на професионалните војници останува на барањата за измени на Законот за служба во АРМ и решавање на нивниот статус. Тие бараат да се продолжи старосната граница до 45 години, наместо досегашните 38, и обезбедување отпремнина или повторно вработување во некоја од државните институции. Професионалните војници бараат средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за одбрана Зоран Коњановски. На прес конференциај претседателот на Независниот синдикат Веле Крбалевски, се пожали дека продолжуваат притисоците врз војниците, се нудат договори со чие потпишување тие практично се откажуваат од учество на протести или јавни настапи. Професионалните војници бараат и исплата на надоместотоците зашто последните дневници, како што информираа, ги добиле за март годинава.
XS
SM
MD
LG