Достапни линкови

Медведев донирал пари за жртвите од пожарот


Рускиот претседател Дмитриј Медведев донирал 12 илјади долари од своите пари за обнова на домовите уништени во шумските пожари. Портпаролката на Медведев соопштила дека се очекува постапката на претседателто да ја следат и другите функционери. Таа рекла дека претседателот се надева дека и обичните граѓани, исто така, ќе донираат пари за жртвите. Илјадници луѓе се раселени и останаа без своите домови откако земјата ја зафатија пожари предизвикани од рекордно високите температури некогаш измерени во Русија.
XS
SM
MD
LG