Достапни линкови

logo-print

Идентификувани телата на убиените лекари во Авганистан


Авганистанските власти ги идентификуваат телата на 10-те убиени луѓе во североисточкиот дел на земјата. Според првичните информации шест од нив се Американци, еден е Германец, двајца се Авганистанци а за еден се уште не се знае. Aвганистанците биле преведувачи на групата. Убиените биле застрелани пред неколу недели но поради одалеченоста на местото нивните тела се откриени вчера. Конечниот идентитет ќе им биде познат по деталните прегледи кои ќе се извршат во Кабул. Од една интернационална добротворна организација велат дека жртвите се нивни припадници и биле лекари и медицински сестри. Директорот на Мисијата за помош вели дека групата ја сочинувале 6 Америакнци, еден Германец и еден Британец. Од американската амбасада во Кабул велат дека меѓу убиените неколку се Американци но неможт да потврдат. Талибанците ја презедоа одговорноста за настанот. Тие ги убиле затоа што сметале дека се шпиони за НАТО.
XS
SM
MD
LG