Достапни линкови

Несреќа во рудник во Кина,16 загинати


Во пожар во рудник за злато во Кина загинале 16 рудари а 7 и понатаму се наоѓаат во окното, јауваат кинеските новински агенции. Спасувачите по избувнувањето на пожарот успеале да спасат 200 рудари. Почетокот на истрагата покажал дека пожарот најверојатно е предизвикан од краток спој на еден подземен кабел. Рудникот ги имал сите потребни документи за работа, што не е секогаш случај со рудниците во Кина. Кина е рекордер по рударки несреќи. Само минатата година загинале 2.600 рудари , а несреќи се случуваат секоја недела. Во првите 6 месеци од ова година загинале 1.261 рудар.
XS
SM
MD
LG