Достапни линкови

Убиени странски лекари во Авганистан


Авганистанските официјални претставници се обидуваат да идентификува 10 луѓе од кои осум странски државјани и двајца Авганистанци, кои беа пронајдени мртви во четвртокот во оддалечена област во провинцијата Бадахшан. Шефот на локалната полиција изјавил дека шест од странците се Германци, додека портпаролот на Американската амбасада, рекол дека неколку од загинатите се Американци. Еден Авганистанец кој го преживеал нападот рекол дека групта била составена од лекари . Убиствата се случиле пред две недели, но поради оддалеченост на областа полицијата дури сега ги открила телата.
XS
SM
MD
LG