Достапни линкови

Бродот „Мави Мармара“ пристигна во Турција


Турскиот брод „Мави Мармара“, што во мај беше конфискуван од Израел по нападот врз меѓународната флотила со помош за појасот Газа, се врати во Турција, пренесуваат медиумите. Турската телевизија го покажа „Мави Мармара“ во моментот кога влегувал во средоземноморското пристаниште Искендерун, откако во четвртокот го напушти израелското пристаниште Хаифа. Вториот турски брод, ослободен од Израел, исто така пристигна во Турција, а третиот се очекува денеска попладне. Бродовите беа дел од флотилата што се обиде да ја пробие поморската блокада на појасот Газа. Бродовите беа пресретнати од израелски командоси при што загина 9 луѓе.
XS
SM
MD
LG