Достапни линкови

Русија се бори со пожарите


Во Русија и денеска продолжува битката со стотиците шумски пожари . Во пожарите загинаа најмалку 50 луѓе, тие предизвика тешкотии во одвивањето на транспортот, главниот град Москва се гуши во чад и смог, а експертитие предупредуваат дека сето тоа лошо се одразува врз здравјето на луѓето. САД, Германија и Франција се меѓу земјите кои ги предупредија своите државјани да ја преиспитаат одлуката за патување во Москва и во другите погодени области. Голем број авиокомпании своите летови од Москава ги пренасочија поради намалената видливост. Здраствените власти ги повикаа жителите да носат маски и да не излегуваат од дома. Пожарникарите се борат со стотици пожари насекаде низ земјата, a официјалните лица признаваат дека се соочуваат со недостиг од пожарникари.
XS
SM
MD
LG