Достапни линкови

Македонија е меѓу последните земји во регионот по искористеност на европските пари.

Македонија е меѓу последните земји во регионот по искористеност на европските пари, односно по предлагање на проекти со кои ќе може да користи пари од фондовите и грантовите на Европската унија, велат експертите. Од земјите кои конкурираат за проекти кои делумно треба да бидат платени од парите од Европската унија, Македонија често пати е рангирана после Србија и Босна и Херцеговина. Тие велат дека искуството покажува дека во земјава не излегуваат доволен број на јасни проекти за искористувањето на европските пари. Невладините организации, бизнисмените и институциите од Македонија за разлика од другите земји кандидатки за
Фрапантен беше податокот дека Македонија најчесто беше на дното, дури и позади Србија, во многу случаи и позади Босна и Херцеговина, значи тоа укажува на еден непобитен факт, дека организациите, бизнис секторот и најмногу општините кои што треба да бидат двигатели на регионалниот развој во Македонија, поднесуваат најмалку проекти за финансирање
членки на Европската унија, како Хрватска и Турција како да немаат интерес или доволно моќ за да аплицираат за проекти. Претседателот и националниот координатор на Македонскиот институт за интеграција со седиште во Брисел, Зоран Јанакиев вели дека на последната регионална конференција во Брисел излегол податок дека Македонија е на дното при предлагање на проекти за европско финансирање.

„Фрапантен беше податокот дека Македонија најчесто беше на дното, дури и зад Србија, во многу случаи и зад Босна и Херцеговина. Тоа укажува на еден непобитен факт, дека организациите, бизнис секторот и најмногу општините кои што треба да бидат двигатели на регионалниот развој во Македонија, поднесуваат најмалку проекти за финансирање.“

Без стратегија за користење на европските пари

Со Инструментот на Европската унија за претпристапна помош за земјите кандидати за членки се предвидени 11,5 милијарди евра што треба да се потрошат во период од 2007 до 2013 година. Овие пари се наменети за земјите од Западен Балкан, Турција и земјите кои се потенцијални кандидати за членство во Унијата. Прво парите се делат по земји според број на жители, а понатаму по години и компоненти. Од инструментот наречен скратено ИПА фонд, за Македонија се предвидени околку 500 милиони евра за развој на општеството и спроведување на реформи. За 2010-та година, на располагање на Македонија се 91,6 милиони евра, за 2011-та се 98 милиони, за наредната година 105 и за 2013-та 117,2 милиони евра.
Овие средства се наменети за петте компоненти од ИПА инстрментот, односно за регионален развој, прекугранична соработка, рурален развој, градење на административни капацитети и институции и за развој на човечки ресурси.
Причината зошто Македонија користи малку пари од Европските фондови, директорката на македонскиот центар за европско образование, Лидија Димова ја гледа во немањето доволно добра стратегија како со парите на европските фонови да ги заврши реформите што ги бара Европската унија и малиот капацитет на Владата за менаџирање со парите.
Капацитетот на македонската Влада да ги програмира парите е многу мал. Прво заради тоа што луѓето што разбираат програмирање од државната администрација ги отпуштија, сега ги гледаме фактички последиците од отпуштањата што се случија во 2007-2006 година од Секретаријатот за европски прашања


,,Капацитетот на македонската Влада да ги програмира парите е многу мал. Прво поради тоа што луѓето кои се разбира во програмирање се отпуштени од државната администрација. Сега ги гледаме фактички последиците од отпуштањата што се случија во 2007-2008 година од Секретаријатот за европски прашања и сега имаме луѓе кои се тотално некомпетентни, кои програмираат пари од ИПА, а кога ги програмираат парите ги гледаат сопствените проблеми - во овој момент, во овој простор и време.“

Македонија на дното на листата земји од регионот, по искористеноста на европските пари
Димова додава дека не се следат правилата за планирање на парите. Односно кога се програмираат проекти од ИПА треба да се внимава дека парите треба да бидат испланирани две години однапред за да можат да се корист во вистинското време.

„На пример, бесплатна правна помош. Таму парите се испрограмирани дека ќе се трошат по три години. Минатата година затоа го носевме законот за бесплатна правна помош. Ако сега понудиме бесплатна правна помош зошто ни се нам пари за оваа намена кои ќе можеме да ги користиме дури по три години. До тогаш ние треба да имаме беспрекорен систем за бесплатна правна помош.“

За владата токму ЕУ фондовите се најголема придобивка од евроинтеграциите

Во интервју за Радио Слободна Европа Вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумовски вели дека државата се труди да искорити што е можно повеќе од парите од европските фондови.

„Во изминатите повеќе месеци Република Македонија направи еден значителен исчекор напред односно од петте елементи кои и се достапни на Македонија. Ние во минатите месеци ја добивме акредитацијата за три од петте компоненти. Четвртата акредитацијата се очекува да се добие во најскоро време што покажува дека Макеоднија има капацитет да ги апсорбира фондовите.“

Наумовски вели дека токму тоа е највидиливата придобивка на Македонија од евроинтеграциите.
Во наредниот период ќе продолжиме со елеминирање на сите ризици кои што биле забележани во некоја од мисиите кои што доаѓаат во Македонија, односно доколку некаде има потреба од зајакнување на определени капацитети да се зајакнат, јавноста да продолжи да се информира особено целните групи да се информираат за начинот на искористување на овие фондови


„Во наредниот период ќе продолжиме со елеминирање на сите ризици кои биле забележани во некоја од мисиите кои што доаѓаат во Македонија, односно доколку некаде има потреба од зајакнување на определени капацитети да се зајакнат, јавноста да продолжи да се информира особено целните групи да се информираат за начинот на искористување на овие фондови и секако како држава да можеме да искористиме што е можно повеќе од тие средства.“

Европскиот суд на ревизори чија задача е да проверува како се управува со буџетот на Европската унија,
минатата година посочи дека парите за реализирање на проекти во Македонија не се целосно искористени. Судот идентификувал три фактори за тоа - нестабилна администрација, односно значајни кадровски измени по секои избори, обуки што дале послаби резултати и недостиг на домашни реформи на сметка на наметнатите од Европска унија.
Препораката од овој извештај е дека треба да се внимава на трајноста и на проектите затоа што по завршувањето на европското финансирање на одредени проекти не треба да се престане со проектот, треба да има поголема вклученост од корисниците кои потоа сами продолжуват со проектот.
Одговорноста за малото искористување на европските пари не треба да се бара само во институциите, велат познавачите, затоа што тоа е општествена одговорност која треба да се дели. Еден од проблемите е слабата соработка со другите земји за предложување на заеднички проекти кои би можеле делумно да бидат финансирани од Евроспката унија. Еден позитивен пример за соработка и одобрен проект е од втората компонента на ИПА за прекугранична соработка на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Директорката на центарот, Емилија Геровска вели дека им било одобрен еден проект за прекугранична програма во соработка со Албанија, а сега работи на пилот прокет за проект кој сега е отворен во соработка со Грција. Геровска истакнува дека со Албанија ова е веќе втора соработка и се чуствува напредок:

,,Пред прекуграничната соработка, со Албанија речиси и да немавме никакви контакти со тие региони кои што се на самата граница со Македонија, додека сега при вториот повик веќе се познаваме, ги знаеме институциите, имаме соработувано при подготовката на претходните проекти, знаеме што ни треба, знаеме каде да се обратиме за средства и едноставно ги гледаме нашите потреби со заедничко решение.“

Таа додава дека висина на средствата што ги доделува Европската унија се големи и со себе носат и голема одговорност, па затоа се сретнале и со многу предизвици.

„Значи, навистина е предизвик да најдете партнер кој што има капацитети да подготви проект, но уште поважно да го имплементира проектот кога би се добил, бидејќи неуспехот да се направи тоа значи повлекување на средствата од ЕУ и доколку би се лоцирала вината во партнерот и вие како главен апликант ја губите можноста да го имплементирате проектот.“

Македонските фирми се плашат да аплицираат

Канцеларијата на ЕК во Скопје
Европска унија дава пари и за развивање на бизнис секторот преку програмата ЦИП, но и тука има проблем. Минатата година, ниту една македонска компанија не доставила апликација за искористување на европски пари од програмата за конкурентност и иновации. Во 2008-ма само една фирма се обидела да конкурира. Оваа програма спаѓа под програмите за заедницата кои се финансираат од буџетот на земјите членки, а за кои можат да конкурираат сите 27 членки, земјите од европската економска заедница и доколку си платат таканаречен „влезен билет “ и земјите кандидатки за членство. Конкуренцијата е голема, а конкурсите за проекти во определени програми се знаат неколку годни однапред.
Во зависност од програмата вредноста на „влезниот билет“ е од 100 илјади до 700 илјади евра. Македонија има уплатено влезни билети за 7 од околу 40-те програми со кои располага Унијата. Парите што можат да ги искористат компаниите кои би конкурирале во рамките на ЦИП за економски инвестиции, развој на конкурентност или иноваации можат да достигнат и до
Претседателот на групацијата за менаџмет консултанстки и тренинг организации при Стопанската Комора, Ристо Иванов вели дека компаниите не аплицираат затоа што и не знаат како да изготват проект.
Прво затоа што сметаат дека не би можеле да одговорат на барањата за пополнување на апликација. Понатаму се плашат од силната конкуренција бидејќи во апликациите за ЕУ програмите на заедниците конкуренцијата е со сите во Европа и трето се смета дека многу тешко би можеле да ги добијат тие пари и затоа се дистанцираат од напорите да подготват апликација


,,Прво затоа што сметаат дека не би можеле да одговорат на барањата за пополнување на апликација. Понатаму се плашат од силната конкуренција бидејќи во апликациите за ЕУ програмите на заедниците конкуренцијата е со сите во Европа и трето се смета дека многу тешко би можеле да ги добијат тие пари и затоа се дистанцираат од напорите да подготват апликација и покрај тоа што имаат свои идеи. И четвртата работа е што сепак постои една резерва, дали ќе знаат и доколку добијат средства, како ќе одговорат на барањата на ЕУ за повлекување на тие средства и правење извештаи согласно регулативите на ЕУ.“

Што е она што е потребно за да се направи добар предлог проект?

,,Прво треба да се има идеа, понатаму истата мора да коренсподира со целите на повикот. Се работи за развојни прашања што имаат влијание во работењето и влијание во околината во средината каде што работат, на тој начин се овозможува претпријатијата да решаваат проблеми кои што се развојни, а кои што реално не би можеле да ги финансираат од комерцијални кредити бидејќи постои за нив и голем ризик дали ќе донесат резултати. Затоа е неопходно да има инструменти за поддршка на нашите претпријатија. Првиот инструмент е знаење, се мисли на консултантска и советодавна помош, а второ мора да се лоцира еден фонд на средства, со кој што им се дотираат средствата 50-80% за да се подготви квалитетна идеа.“
Од друга страна Горан Саздов од комората на консултанати вели дека ако компаниите треба прво да ја научат терминологијата која се користи при правење проекти.“

,,Тоа е специфична терминологија. Луѓето треба да се судрат со таа терминологија, па да ја разберете прво, откако ќе ја разберете и ќе напишете нешто конкретно и тоа напишаното да биде прифатено од соодветни комисии кои што одлучуваат дали ќе ви дадат соодветен грант или не.“

Јанакиев, пак, вели дека дополнително е отежната работата со тоа што луѓето кои сакаат да предложат проект не знаат, не се информирани ни како да го направат тоа, ниту каде да се обратат за помош, ниту за што треба да се користат тие пари.

,,Се создава магичен круг и најчесто, ќе парафразирам еден мој пријател, се сведува на тоа дека `грозјето е кисело далеку` па премногу енергија ќе ни треба за да стигнеме, а и полесно ни е тука да се фокусираме на локални рамки, без преголеми процедури, па што може да се работи, да се работи.“

Тој додава дека недостатокот на информации е поради немањето на јасен фокус како и каде да се бараат.
Се создава преголема апстракција со секојдневното спомнување на термините како ИПА фондови, европско финансирање итн, без притоа јасно да се нагласи кои се можностите и на каков начин може да се користат


,,Се создава преголема апстракција со секојдневното спомнување на термините како ИПА фондови, европско финансирање итн, без притоа јасно да се нагласи кои се можностите и на каков начин може да се користат. Тоа кај имплементаторите создава магична ситуација и во недостаток на вистински, креативни информации тие застануваат и чекаат да излезе на виделина, некоја институција или домашна или странска, која што може јасно да им го отвори патот во таа работа.“

Од ИПА 2007, предвидени се 2 милиона евра за градење на капацитети за управување со средствтата на Европската Унија и ИПА односно за да им се помогне на владините институции да управуваат со парите според регулативите на ИПА. Во последниот извештај на ЕК, се забележува дека „треба значително зајакнување на административниот капацитет за апсорбирање на ИПА фондовите“, затоа што администрацијате не е доволно подготвена за програмирање и подготовка на проекти за ИПА фондови.

Европската Комисија ги стопира двете европски програми „Млади и акција “ и Доживтно Учење“ за Македонија , откако се посомневаа дека директорот на Агенцијата за европски образовни програми, Бошко Нелковски им давал пари на сопстевната невладина организација и на организации на блиски роднини.
Ако не одлучиме да учиме од позитивните примери на соседните земји тогаш барем да учиме од грешките на да не ги повбторуваме, велат добро упатените. Бугарија плати дебели пенали поради злоупотреба на европските фонодви.Најскандлозен случај кај нашите сосдеи беше приведувањето на поранепниот директор на тамошната агенција за патишта кој средтсвата од фондовите ги префрлал на сметка на сопстевниот барат. Со помалку средтсва за равој се соочи и Романија која изгуби 190 милиони евра од европски пари , но сепак се покажа како поефикасна од Бугарија во откривање на над 100 случаи во една година во кои биле проневерени дури милионски суми од европските пари.Во Италија беа уапсени 45 луѓе поради корупција и измами со европските фондови. Европската Комисија во 200-тата и наложи на Грција да врати над пола милион евра ненамеснки потрошени пари од европски фондови што биле наменети за изградба на јавни објекти.








  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG