Достапни линкови

Неделен печат


Весници, магазини, неделници...

Весници, магазини, неделници...

Стравот е победен, по Гацов за здравството и Цветанов за борбата против перењето пари, на ред дојде и медиумската сфера, пишува Фокус.

„Мартин Протоѓер ги диригирал и вестите во Канал 5“, излезе со насловната најновиот број на неделникот ,,Фокус“ објавувајќи широка статија за последната афера со отпуштањето на осуммина новинари во таа национална телевизија. Па додава дека од неодамна се случи вирус во режимот на, како што пишува, пастирот, алудирајќи на второто име што на премиерот му помогна да го добие еден друг новинар вљубен во владејачката гарнитура. Поентата на Фокус е дека почнале да креваат глас „инсајдери“. Стравот е победен, по Гацов за здравството и Цветанов за борбата против перењето пари, на ред дојде и медиумската сфера, пишува неделникот и потсетува дека Весна Ковачевска-Трпчевска, новинар на Канал 5, преку отворено писмо до премиерот, а низ искуствата во телевизијата на Борис Стојменов, ја опишува матрицата, според која двоецот Груевски-Протоѓер ја креирал уредувачката и кадровската политика во медиумот на нивниот коалициски партнер.

„Првата директива беше да се молчи за коалицијата со ДУИ, а последната да се игнорира оставката на Ване Цветанов“, ја цитира покрај другото Фокус новинарката Ковачевска-Трпчевска, па потсетува на негативните оценки во заклучоците на неодамна
Првата директива беше да се молчи за коалицијата со ДУИ, а последната да се игнорира оставката
на Ване
Цветанов.
одржаниот состанок со македонски претставници на Советот за асоцијација и стабилизација во кои се наведува дека во Македонија е загрозена слободата на говорот, а политичките влијанија во медиумите се силни.


Од двобројот на Глобус го издвојувам текстот за содржината на приватните џебови на политичарите и на тие околу нив. Поправо, констатацијата дека од парите исцицани во последниве 18 години и прелеани во приватни џебови, ќе заклучиме дека Македонија е земја со неограничени можности, пишува неделникот. На фотографијата на која се министерот за финансии Зоран Ставрески, премиерот Груевски и пратеникот Влатко Ѓорчев, сликани во собраниската сала, има текст кој вели дека малиот круг луѓе кои палат и гасат во Македонија се всушност само една тенка обвивка на едно големо празно, за потоа да поентира дека граѓаните на Македонија, без исклучок, постојано и традиционално, се третираат како маса идиоти.

Неделникот Форум, кој поради летните одмори исто така е двоброј, во едиторијалот се занимава со паролите на денешнината, поточно со немањето вистински идеали кај денешните генерации млади. „Бевме вџашени од директниот пренос на револуцијата во Романија и ликвидацијата на Чаушеску, треперевме на концертот на Пинк Флојд, на урнатините на Берлинскиот ѕид, се радувавме на првите парламентарни избори и на независноста на Македонија - среќни дека сме дел од нешто големо и значајно“, ламентира над сеќавањата од младешките денови авторот на текстот во уводникот на Форум. Па прашува - кои се идеалите на сегашната генерација Македонци? Да ја внесат Македонија во НАТО и во ЕУ и да ја завршат транзицијата? – Авторот одговара дека тоа се повеќе прагматични реални политички интереси, отколку идеали и завршува дека пред да се прават какви било трампи околу името, сме требале да се потсетиме на оние што по Втората светска војна ја создадоа Македонија кои пееле „Македонско име нема да загине“ и дека треба да го почувствуваме духот на сегашноста, која ги уништила сите идеали и ја промовирала празнотијата и квазивредноста на брендовите.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG