Достапни линкови

Неандерталски музички инструмент


Неандерталски музички инструмент

Неандерталски музички инструмент

Најстариот инструмент во светот датира уште од пред 60 илјади години. Тезата дека на инструментот свиреле неандерталците ја докажал припепчанецот Љубен Димкароски.

Изработен е од коска од ногата на пештерска мечка, има должина од 11 см и 3 милиметра, со три отвора на предната и еден на задната страна, на него може да свират 38 полутонови и секаков жанр музика почнувајќи од фолклор па до класична музика. Некои го нарекуваат флаута, но во суштина овој е настариот инструмент во светот, врвно светско културно наследство кое датира од пред 60.000 години, а музиколозите го нарекле „неандерталски инструмент“.

„Ова е реплика од најстариот инструмент на светот. Најстариот инструмент на светот се наоѓа во Народниот музеј во Љубљана, најден е во близина на Церкно, поточно во пештерата Дивје бабе, во близина на селото Шебрелија, во Словенија, значи некаде на австриско-италијанска граница“, изјави прилепчанецот Љубен Димкароски, кој живее и работи во Словенија, во љубљанската Опера и балет.


Тој, како врвен,музиколог, докажал последнава година дека овој артефакт, пронајден пред 15 години, е инструмент на кој што свиреле неандерталците. За да ја потврди тезата, Димкароски добил дозвола од словенечките власти и изработил инструмент автентичен на тој што се чува во словенечкиот музеј, па сега интензивно работи на откривање на можностите што ги нуди овој инструмент, кој што има огромно значење и за светската историја.

„Мене ми успеа да откријам систем на него и преку системот за свирење, кој е, веројатно историчарите и етномузиколозите и археолозите ќе мора поради артефактот што во музиката е звукот, поради артефактот на изведба, ќе мора да се сложат дека е музички инструмент, дека е инструмент кој што бил во рацете на неандерталецот и нема тука случајност.“

Димкароски во септември овој инструмент ќе го промовира на светскиот конгрес на археомузиколози што ќе се одржи во Пекинг, а има договорено гостувања во повеќе држави, светскиот канал Нејшнал џиографик ќе снима документарен филм, на истата тема. А, во меѓувреме музикологот Димкароски изработува низа примероци на истиот инструмент од секаков вид дрво, со различни димензии, и како што вели постојано ја потврдува својата теза, дека вредниот артефакт е најстариот инструмент на светот.

„Ја променува воопшто историјата, физичарите ќе имаат големи проблеми поради должината и распонот на инструментот кој е 2,5 октави, а во предувување во инструментот и повеќе од 3 октави свирам... За медицината и тие ќе треба некој свој збор да кажат за духовните потреби кои ги имал неандерталецот... Овој инструмент е направен од човечки раце со намера да го користи во обреди веројатно свои, барајќи ја врската со космосот.“

Инаку Димкароски е мултиталентиран уметник, тој е соло пејач во словенечката опера, свири на труба и многу други инструменти, има напишано многу дела за оваа уметност, а со својата група Пела, која ја негува македонската изворна песна, врши промоција на македонското културно наследство ширум светот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG