Достапни линкови

logo-print

И ова лето, во Дебар и околината се повторува појавата на свадбите да се користи огнено оружје.

Во добар дел од свадбите се пука наголемо, како низ улиците така и во домовите. Понекогаш, особено во ноќните часови, може да се слушне и по некој рафал од калашников. Од пукотниците граѓаните се вознемируваат, а апелите на полицијата засега не се почитуваат, така што полицијата ги презема потребните законски активности. Овој проблем, кој е мошне актуелен, беше и главна тема на расправа на последната средба на советодавната група, која е составена од преставници на локалната власт, полицијата, невладините организации и други локални институции:
Појавата не е искоренета и таа сеуште ја има на нашиве свадби и домашни веселби. Мислам дека треба да се смени менталитетот, и треба да има едукација на јавноста преку медиумите но и преку нашите средби во советодавната група на граѓаните.

„Појавата за жал се уште е присутна. Но сакам да потенцирам дека од 2008 година наваму бележиме намалување на бројот на нелегалното употребување на огненото оружје. Во споредба со претходниот период ова лето добро почнавме, имавме бројни активности во однос на превентивата како локален Совет во кој има и преставници на локалната власт, угостителите и невладиниот сектор. Но, исто така факт е дека појавата сега сепак е присутна. Појавата не е искоренета и таа сеуште ја има на нашиве свадби и домашни веселби. Мислам дека треба да се смени менталитетот, и треба да има едукација на јавноста преку медиумите но и преку нашите средби во советодавната група на граѓаните. Но, исто така и во Локалниот совет за превенција, кој во Дебар се уште не е формиран“, подвлекува полицискиот инспектор за превентива и Кординатор на советодавната група во Дебар Милаим Абази.

Илустрација

Невладиниот сектор, кој е мошне активен во насока на запирање на употребата на огненото оружје на свадби и други домашни веселби, бара од полицијата еднаш засекогаш да стави крај на оваа појава која е мошне опасна. Алтин Каја од невладината организација Центар за одржлив развој на заедниците укажува дека појавата треба да се спречи веднаш:

„И ова лето во Дебар е присутна оваа појава за пукање од огнено оружје на свадбите. Во споредба со минатото лето, оваа појава е помала, но сепак е присутна. Ние како невладин сектор сме загрижени и апелираме до надлежните институции да ги преземаат сите
Во споредба со минатото лето, оваа појава е помала, но сепак е
присутна.
мерки со цел граѓаните да спијат помирно и тие да бидат посигурни, бидејќи појавата носи големи опасности за граѓаните на Дебар“, вели Каја.

Во градот Дебар и селата, поради престојот на голем број на печалбари и иселеници, дневно има по десетина свадби. Истрелите од огнено оружје се присутни како во градот така и во селата. Добар дел од оружјето кое се користи е нелегално, оценуваат претставниците на невладините организации кои на неколку пати побараа да се организира нова акција за доброволно предавање на нелегалното оружје.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG