Достапни линкови

Груевски: Македонија спремила тимови за преговори со ЕУ


Македонија подготвува тимови кои ќе бидат целосно способни веднаш да започнат преговори со ЕУ штом биде надминат спорот со името, изјави денеска во Скопје премиерот Никола Груевски.
За таа цел, како што рече, се ангажирани околу 850 лица вработени во јавната администрација во различни области кои учат од искуствата на Хрватска која е во фаза на преговори со Унијата, а се консултираат и со Словенија и со други земји. Овие тимови, според Груевски, биле задолжени да подготвуваат и посебна стратегија во делот на преговорите со ЕУ.
XS
SM
MD
LG