Достапни линкови

Македонската трговска размена поголема


Обемот на стоковната размена на Македонија во првото полугодие е за 10,3 насто поголем во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 1,436 милијарди долари, а на увозот 2,440 милијарди. Најмногу се извезуваат производите од железо и челик, облека, фероникел и преработките од нафта, а најмногу се увезуваат сурова нафта, моторни возила и електрична енергија. Според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Русија и Бугарија.
XS
SM
MD
LG