Достапни линкови

Муфтиите повикуваат да се почитуваат органите на ИВЗ


Во пресрет на едномесечните рамазански пости, кои почнуваат на 11 август, муфтиите од муфтиствата на Исламската верска заедница во заедничка изјава до медиумите апелираат верниците да ги почитуваат органите на ИВЗ кои, како што нагласуваат, функционираат во целосно единство и усогласеност на чело со актуелниот поглавар Сулејмен Реџепи. ,,Неопходно е муслиманите во Македонија да не дозволат да паднат под влијанија на лични интереси на манипулирани поединци или групи кои не се во функција на развојот на исламот, туку целта им е да спроведуваат туѓи агенди за да ги вознемират и да направат раскол меѓу припадниците на исламот,, велат муфтиите во заедничката изјава.
XS
SM
MD
LG