Достапни линкови

logo-print

Компромис за политички дијалог?


Зградата на Собранието на РМ

Зградата на Собранието на РМ

Немањето желба и демократска политичка култура, експертите ги лоцираат како главни проблеми за недостатокот од политички дијалог.

Политичкиот дијалог во земјава во изминатиов период беше нарушен со инцидентот меѓу пратениците во Собранието. По деседневните тактизирања тие успеаа да ја дефинираат анкетната комисија која ќе го расчистува настанот, но политичкиот дијалог не профункционира до крај по прашањето на деловникот за кој власта и опозицијата имаат различни предлози. Има ли капацитет за
Мислам дека на оваа земја и се потребни напори и од владиното мнозинство, но и од опозицијата да се обидат да бидат повеќе толерантни за меѓусебните
идеи.
постигнување на компромис и простор за толерантност меѓу двете страни? Во интервју за Радио Слободна Европа амбасадорот на ОБСЕ во земјава, Хозе Луис Хереро вели дека инциденти се случуваат и во други земји, но дека пратениците треба да пронајдат средина меѓу жестоката политичка дебата и капацитетите за постигнување компромис.



„Мислам дека на оваа земја и се потребни напори и од владиното мнозинство, но и од опозицијата, да се обидат да бидат повеќе толерантни за меѓусебните идеи. Но не е се така лошо, видовме дека за бројни нешта во парламентот имаше успешна соработка и одредени закони беа усвоени во последниве години. Пример тоа е воспоставувањето на Комисијата за инцидентот. Јас сметам дека политичкиот дијалог е многу важен и дека владиното мнозинство во парламентот мора да има отворен пристап и да ги слуша сите барања, особено ако се земе предвид дека оваа земја има одредени државни прашања кои навистина бараат таа политика на партиска поделба да биде надмината за доброто на целата земја.“
Нашиот Парламент не смогна сила во последните 20 години на плуралното општество да се постави над Владата и за некои прашања што се од интерес на граѓаните да развие реална дебата, дискусија и да дојде до компромисни решенија кои би биле бенефит за граѓаните.


Политикологот Алберт Муслиу вели дека капацитети има, но проблемот е во недостигот на желба на пратениците за развивање на политичкиот дијалог и во поставеноста на парламентот наспроти владата.

„Нашиот Парламент не смогна сила во последните 20 години на плуралното општество да се постави над Владата и за некои прашања што се од интерес на граѓаните да развие реална дебата, дискусија и да дојде до компромисни решенија кои би биле бенефит за граѓаните.“

Во Македонија, еден од главните проблеми е недостигот на демократска политичка култура, вели професорот Здравко Савески. Политичките партии, наместо да ги надминуваат проблемите тие ги влошуваат односите, вели тој.

„Подобрувањето на меѓусебната комуникација нема да придонесе само за зголемување на демократскиот капацитет на граѓаните туку ќе го зголеми рејтингот кај македонските гласачи кај оние кои што се неутрални и кои во секој случај несакаат да гледаат толку ниско ниво на меѓусебно комуницирање помеѓу двете опозициски партии.“

Експертите им замеруваат и на пратениците дека немаат слух за аргументите на другата страна и го користат Собранието за политички маркетинг.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG