Достапни линкови

Преговори Белград – Приштина?


Средба меѓу Бан Ки Мун и Скендер Хисени на 02 Aвгуст 2010

Средба меѓу Бан Ки Мун и Скендер Хисени на 02 Aвгуст 2010

Се чини дека нема шанси Белград и Приштина во скоро време да седнат на преговарачка маса, затоа што и покрај повикот на шефот на УНМИК и мислењето на Меѓународниот суд за правда, нивните ставови остануваат дијаметрално спортивни.

Шефот на УНМИК Ламберто Заниер ги повика Белград и Приштина да одржат конструктивен дијалог за отворените прашања кои се однесуваат на заедниците на Косово.

Србија: преговори за статусот на Косово

Аналитичарите во Белград проценуваат дека во следиот месец и половина, нема шанса дека Белград би прифатил таков дијалог. Србија, имено, ја гради својата стратегија за септемвриското заседание на Генералното собрание на Обединетите нации кога сака да предложи нова резолуција за Косово.

Српскиот аналитичар Душан Јањиќ за Радио Слободна Европа изјави дека тешко оти Белград до тогаш ќе влезе во некаков вид технички разговори.

„Тешко е да се поверува дека Белград во овој период од месец и половина, со оглед дека е насочен кон Генералното собрание на ОН, ќе прифати технички разговори или каков било друг дијалог. Имено, според сегашната престава, тоа би му ја нарушило преговарачката позиција. Србија всушност очекува дека Генералното собрание ќе повика на разговори за статусот на Косово.“

U.S. - UN headquarters in New York, undated

Според Душан Јањиќ, стратегијата на Белград и Москва е прашањето на статусот да го вратат во Советот за Безбедност на ОН. Тоа, тие го базирале врз уводот на мислењето на Меѓународниот суд за правда, кој образложувајки ги своите надлежности, нотираше дека Генералното собрание на Светската организација може повторно да расправа за статусот и да му препорача на Советот за безбедност да расправа за истото.

Косово: Преговори како две суверени држави

Официјалните косовски преставници, пак, во меѓувреме, уште еднаш подвлекоа дека технички разговори со Белград се можни само доколку се одвиваат на ниво на две суверени држави. Според косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи, токму мислењето на Меѓународниот суд за правда става крај на расправата за преговори за статус на Косово.

„Мислењето на Меѓународниот суд го дава најдобриот одговор во тој правец. Не може да се разговара за статусот на Косово. Таквите идеи се неприфатливи и морално неадекватни. Можеме да разговараме само како две суверени и независни држави, но Приштина нема причини да брза на такви разговори.“

Според вицепремиерот Хајредин Кучи, Приштина би разговарала за регионална соработка и за евро интеграции.

Аналитичарите, имајќи ги во предвид спротивставените ставови на двете страни, не предвидуваат разговори Белград - Приштина во блиска иднина.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG