Достапни линкови

Големи поплави и во индискиот дел на Кашмир - 58 загинати


Властите во индискиот дел на Кашмир соопштија дека во големите поплави животот го загубиле најмалку 58 лица. Се уште десетици лица се водат како исчезнати, а во спасувачките акции е повикана и армијата. Најпогоден бил регионот Ладак, кој граничи со Кина и Пакистан, кој исто така е погоден од поплави кои се најголеми во изминатите 80 години и каде што живото го загубија над 1600 лица.
XS
SM
MD
LG