Достапни линкови

Македонија соработува во борбата против тероризмот


Македонската влада лани ја продолжи тесната соработка со Соединетите држави во борбата против тероризмот, која вклучува размена на разузнавачки информации за потенцијални терористички групи кои работат во земјата или транзитираат. Ова се наведува во најновиот годишен извештај на Стејт департментот за глобалниот тероризам. Во извештајот се прецизира дека Македонија соодветно го обезбедува оружјето што главно го бараат терористите и оти Македонија придонесува во Меѓународните безбедносни сили во Авганистан. Исто така се додава дека Македонија во координација со американската амбасада во Скопје и во партнертсво со банкарскиот сектор, тесно соработува во спречувањето на финансирањето на тероризмот и перењето пари.
XS
SM
MD
LG