Достапни линкови

Обвинети 14 Американци дека ја помагале Ал Шабаб


Американкиот оддел за правда издал потерница за 14 американски државјани кои се осомничени дека ги помагале бунтовниците на сомалиската група Ал Шабаб, кои се огранок на Ал Каеда. Американскиот јавен обвинител Ерик Холдер изјавил дека двајца од нив се веќе уапсени. Луѓето се обвинети дека парично и матријално ја помагале сомалиската организација. Холред рекол дека американските државјани се од Минесота, Алабама, и Kaлифорнија. Ал Шабаб е исламистичка екстремистичка група која го контролира поголемиот дел од централниот и западниот дел на Сомалија. Тие ја презедоа одговорноста за нападите во главниот град на Уганда на 11 јули во кои загинаа 76 луѓе кои го следеа финалето на Светското првенство во фудбал.
XS
SM
MD
LG