Достапни линкови

Обезбедувањето на Грачаница во рацете на косовската полиција


Командантот на силите на НАТО во Косово генерал Маркус Бентлер изјави дека Алијансата и ја предала на косовската полиција надлежноста за обезбедување на православниот манастир Грачаница. Манастирот е првиот објект што КФОР ќе го предаде во надлежност на косовската полиција. Државниот секретар во српското Министерство за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ оценил дека обезбедувањето на манастирот Грачаница никогаш не претставувало проблем, од причина што во таа општина мнозинството од жителите се Срби. Покрај Грачаница, под дирекна заштита на припадниците на КФОР се и манастирискиот комплекс Високи Дечани и Печката патријаршија. Бентлер рече дека одлуката за трансфер на одговорноста за заштита на споменици е донесена по интензивни разговори со локалните лидери
XS
SM
MD
LG