Достапни линкови

Турција го блокира унапредувањето на неколку офицери


Турската Влада не го одобри унапредувањето на група генерали и адмирали, кои се осомничени дека подготвувале воен удар во 2003 година. Според неодамнешните сознанија, група од 100 офицери, меѓу кои и активни генерали, во 2003 година подготвувале воен удар против Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Армијата демантира дека подготвувала воен удар и тврди дека тоа било сценарио за воена вежба односно семинар. На седницата на Врховниот воен совет, која траеше три дена, премиерот Ердоган не го прифатил предлогод за унапредување на високите офицери. Тоа е првпат Врховниот воен совет да отфрли предлог за унапредување на офицерите
XS
SM
MD
LG