Достапни линкови

Има ли Битола експерти за борба против дрогата?


Битола

Битола

Опозицијата во битолската општина прашува дали службата при СВР Битола која треба да се бори против недозволената трговија со дрога, има доволно обучен кадри?

Криминалитетот во Битола во првите шест месеци од годинава е намален за три проценти во однос на истиот период лани. Оваа информација предизвика жестоки критики од страна на опозицијата во битолскиот совет, каде се разгледуваат состојбите од пред некоја година откако првиот човек на секторот го поставува Советот. Во информацијата стои дека за овој период биле поднесени над 460 кривични пријави. Од класичниот криминалитет зачестени биле кражби во моторни возила, од економскиот фалсификување и уништување на деловни книги, залоупотреба на службена положба, даночно затајување, лихварство. Како сторители се јавуваат директори, управители на претпријатија, административни работници, лекари. Од недозволената трговија со дрога и оружје биле поднесени 14 кривични пријави, од кои 12 за неовластено производство и пуштање во промет на дроги. Токму за борбата со дрогата во градот, дискусијата беше најжолчна.
Зошто толку долго скоро две-три години не се пополнуваат клучните инспекторски места. Зошто скоро три години не е пополнето местото самостоен инспектор во борба против наркотиците и други облици на недозволена трговија?


,,Зошто толку долго скоро две-три години не се пополнуваат клучните инспекторски места. Зошто скоро три години не е пополнето местото самостоен инспектор во борба против наркотиците и други облици на недозволена трговија? Инаку сосема е јасно ако се погледне што се откриени дела во оваа сфера, сосема јасно зборува дека тие се множат со фактор пет.“

,,Дали службата која треба да се бори против недозволената трговија со дрога кадри кои се адекватно обучени за да се справат со оваа појава? Загрижувачки е податокот што не е наведен бројот на регистриорани наркозависници. Во еден извештај даден од МВР за медиум се споменува бројка на 2000 регистрирани наркозависници. Дали е точно дека дебели досиеја имале луѓе кои работат во службата во полиција која се бори против дрогата. Ова создава сомнеж и би требало командирот Сашо Митевски да ни даде еден допис на луѓето кои работат во таа служба и каква е нивната наобразба, искуство и обука во оваа област.“

прашаа Томе Наумов и Наташа Струмениковска, советници од СДСМ.
Но, одговори на прашањата не добија иако на седницата присуствуваше командирот на СВР Сашо Митевски. На крај советницте од владеачката партија кои се мнозинство без никаква забелешка го прифатија извешатјот за безбедноста во Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG