Достапни линкови

Во Киргистан уапсен контроверзниот политичар


Полицијата во Киргистан го уапси контроверзниот политичар Урмат Баркутобасов кој денеска ја предводеше групата демонстранти кои протестираа во главниот град Бишкек . Освен политичарот се уапсени и 5 други луѓе. Полицијата употреби солзавец, шок бомби и предупредувачки истрели да ги растера стотиците демонстранти кои сакаа да му искажат подршка на Баруктобасов. Шефот на киргистанската Национална служба за безбедност изјавил дека имале иформации дека некои од демонстрантите сакаат да ја соборат владата. Во меѓувреме, илјадници луѓе присуствувале на митингот пред парламентот во Бишкек да изразат подршка за Урмат Баруктобасов кој се врати во земјата од егзил по неуспешниот обид да ја освои власта пред 5 години
XS
SM
MD
LG