Достапни линкови

logo-print

Посебни тестови за државните службеници


Со посебни тестови ќе се условува влезот и напредувањето во јавната администрација , изјави премиерот Никола Греувски. Тој изјави дека Владата размислува да воведе тестови со кои ќе се оценува капацитетот на личноста , неговото знаење и интегритет и сите други работи кои се важни за еден државен службеник. Целта на тестовите е да се намали можноста за неквалитетни кадри .Европската унија неколку години апелира Македонија да воведе реформи во државната администрација за да се доближи до европските стандарди. Државните службеници сега ќе бидат ставени под контрола на министерството за информатичко општество, а ангажиран е и словенечки експерт кој ќе помага во спроведувањето на реформите
XS
SM
MD
LG