Достапни линкови

logo-print

Грција најверојатно ќе добие втора транша од заемот


Грција постигна напредок во спроведувањето на програмата за штедење и се соочи со својата должничка криза и се очекува дека следниот месец ќе ја добие втората транша од заемите за спас на земјата , соопштиле денеска од Меѓународниот монетарен фонд и од ЕУ. Но тие сепак предупредиле дека земјта и понатаму се соочува со големи предизвици и ризици. Грција дојде на работ на банкрот во мај годинава . Во првиот пакет за помош од ММФ и ЕУ Грција доби 20 милијарди евра од вкупната сума од 110 колку што треба да добие за три години. Во септември Грција треба да добие 9 милијарди евра. За возврат земјата треба да спроведе мерки за штедење, кои вклучуваат поголеми даноци и помали плати и пензии.
XS
SM
MD
LG