Достапни линкови

Во Словачка приведени 2 навивачи на Црвена ѕвезда


Словачката полиција привела двајца навивачи на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда кои во Братислава дошле да го следат реванш натпреварот меѓу нивниот клуб и словачкиот Слован во квалификациите за Европска лига. Двајцата српски навивачи се приведени затоа што ноќеска со метални шипки нападнале група од 10 луѓе . Повеќе од 300 навивачи на Црвена ѕвезда ноќеска во центарот на Братислава бучно се забавувале и фрлале петарди, а забавувањето било проследено и со неколку инциденти. Полицијата во Братилсава се плаши да не и се случи истото како минатата година во Прага кога навивачите на Ѕвезда се судрија со чешките полицајци. Тогаш беа приведени 120 навивачи.
XS
SM
MD
LG