Достапни линкови

Странска помош за гаснењето на пожари во Русија


Повеќе земји и уаптиле помош на Русија во гаснењето на пожарите кои ја зафатија целата земја, соопштиле од Министерството за вонредни ситуации во Русија. Италија и помага на земјата со два авиони кои гасат пожари во околината на Москва каде е прогласена и вонредна состојба. Од Украина треба да стигнат две противпожарни бригади и еден авион. Во гаснењето на пожарите учествуваат и авиони од Ерменија и Азербејџан. Се очекува помош и од Казахстан, Германија, Бугарија и Полска. Од пожарите кои беснеат една недела загинаа 50 луѓе а уништени се десетици илјади хектари шума.
XS
SM
MD
LG