Достапни линкови

Нов извештај за цивилните жртви во Авганистан


Истрагата на авганистанската Влада покажалa дека 39 цивили , повеќето од нив жени и деца , се убиени во ракетниот напад на НАТО минатиот месец. Овoj извештај покажува помалку жртви од претходниот но многу повеќе загинати отколку во извештаите на НАТО. Од Алијансата велат дека ги споредуваат извештаите за смртта на цивилите, откако пред две недели од авганистанската влада соопштија дека во нападите во провинцијата Хелманд загинаа повеќе од 50 цивили. Од Алијансата денеска не можеле да го коментитаат извештајот на администрацијата на Карзаи. Од НАТО претходно соопштија дека во нападите загинале шест луѓе и дека мнозинството од нив биле бунтовници.
XS
SM
MD
LG