Достапни линкови

Досега 50 жртви од пожарите во Русија


Најмалку 50 луѓе загинале досега во стотиците пожари кои беснеат во Русија. Властите соопштија и дека двајца пожарникари настрадале при гаснењето на пожарот во близина на рудникот за јаглен во Кемерево во Сибир. Околу 600 пожари сеуште се активни во Русија. Рускиот претседател Дмитриј Медведев отповика неколкумина воени офицери поради неуспехот да се запре пожарот кој уништи една база во близина на Москва.
XS
SM
MD
LG