Достапни линкови

Бан Ки Мун во посета на Хирошима и Нагасаки


Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, за време на денешната посета на Нагасаки, повика на нуклеарно разоружување во светот. Бан Ки Мун утре ќе престојува и во посета на Хирошима, каде што ќе се одржат комеморации за жртвите од атомската бомба во 1945-та година. Предвидено е присуство на делегации од 70-тина земји, меѓу кои и американскиот амбасадор во Јапонија Џон Рос. На почетокот на август, 1945-та година, Соединетите држави фрлија атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки, со што беше окончана Втората Светска Војна.


XS
SM
MD
LG