Достапни линкови

Медведев отпушти високи офицери поради пожарите


Рускиот претседател Дмитри Медведев отпушти неколку врвни воени офицери поради тоа што не успеале да го спречат ширењето на пожарите во неколку бази надвор од Москва. Медведев ова го објави во Москва, каде што се врати порано од неговиот летен одмор, за да оствари итни разговори за состојбата. Министерството за вонредни ситуации сооппшти дека оваа недела секој ден се гаснеле околу 300 пожари, но и дека секојдневно избувнувале нови 400 пожари. Во меѓувреме околу 500 пожари продолжуваат да се шират во неколку селски региони.
XS
SM
MD
LG