Достапни линкови

Петреус бара избегнување на цивилни жртви во Авганистан


Командантот на силите на НАТО во Авганистан, генерал Дејвид Петреус, побара да се спроведуваат правилата за спречување на цивилни штети. Тој изјави дека редуцирањето на бројот на вакви инциденти е од суштинско значење за САД при спроведувањето на стратегијата за запирање на конфликтот. Според новите правила, пред употребата на сила командантите треба да бидат сигурни дека нема присуство на цивили, освен во случај на самооодбрана. Петреус исто така ја нагласи потребата од партнерство со авганистанските трупи.
XS
SM
MD
LG