Достапни линкови

Ден на жалост во Штип по загинувањето на 4 штипјани


Градоначалникот на Штип Зоран Алексов утрешниот ден го прогласи за ден на жалост поради тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубија четворица штипјани. Од Општината се надеваат дека угостителските објекти и локалните медиуми ќе работат согласно утврдените норми и да се даде почит кон загинатите во сообраќајката што се случи денеска на магистралниот пат Штип-Велес меѓу селата Криви дол –Кадрифаково. Сообраќајната несреќа се случи денеска околу 13 часот, кога се судриле две возила од марката Голф. Се уште се истражуваат причините за инцидентот.
XS
SM
MD
LG