Достапни линкови

Државните функционери не соработувале со тајни служби


Од досега проверените изјави, Комисијата за лустрација не открила докази дека некој од министрите, пратениците и новоизбраните функционери бил соработник на тајните служби. Денешниот извештај за сработеното е трет по ред. Последниот состав мируваше два месеца поради Уставниот суд кој по поднесените иницијативи одлучи лустрацијата да се прави не од 1945-тата година, туку од 1991-та година , како и имињата на кодошите или на оние што не доставиле изјава да не се објавуваат во Службен весник. Од Комисиајта велат дека законот треба да се корегира, а се пожалија и дека им се скратени буџетските средства, а тоа се одразува врз нивната работа.
XS
SM
MD
LG