Достапни линкови

Украина во руски проект за збогатување ураниум


Рускиот премиер Владимир Путин изјавил денеска дека неговата земја е подготвена да и продаде на Украина 10 проценти од акциите во фабриката за збогатување на ураниум во Сибир. Путин рече дека украински официјални лица пред неколку години изразиле желба да земат учество во проектот. Путин изјавил дека сите формалности се завршени за приклучување на Украина на Русија и Казахстан во проектот за збогатување на ураниум. Објектот Ангарск во 2007 од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија беше вклучен на листата на признати нуклеарни објекти во 2008 година. Целта на објектот е за снабдување нуклеарно гориво во согласност со меѓународните прописи.

XS
SM
MD
LG