Достапни линкови

Американците виновни за руските горештини?


Тревата во пламен во близина на Музејот на авијацијата на Ходинское Поле кај Москва

Тревата во пламен во близина на Музејот на авијацијата на Ходинское Поле кај Москва

Во време кога Русите страдаат од екстремно високи температури, еден руски научниик обвини дека Соединетите Држави користат оружје за климатски промени за да ги променат температурите и да ги уништат приносите во Русија и во другите централноазиски земји. Статијата на научникот Андреј Арешев е објавена и во списанието кое го издава Министерството за надворешни работи, како и на државната телевизија РИА Новости.

Во еден свој напис, заменик директорот на фондацијата Култура, Андреј Арешев напиша: „Во овој момент само климатско оружје може да биде исполнување на нивните цели, за да предизвикаат суши со кои ќе се уништи приносот и ќе се предизивикаат аномални промени во некои земји“.

Во разговор за Радио Слободна Европа, Арашев ги повторува своите трврдења.

„Прво сакам да кажам дека се што напишав во тој текст, па дури и цитатите, не се конечна вистина. Тоа е, на некој начин, само дефинирање на една хипотеза“, вели Арашев.

Москва овие денови живее на близу 40 степени. На 28 јули, во Москва беа измерени 39 степени, највисоката темперетура некогаш измерена во Русија. Сепак, Русија не е единствента земја која е погодена од жештините. И Соединетите Држави доживуваат рекордни температури. Во Вашингтон, мината недела, беа измерени 37,7 степени, а имаше и предупредување од институциите до граѓаните да се заштитат од топлината, што е прво такво соопштение оваа лето.

Жители на Москва во фонтаните го бараат спасот од горештините и од смогот

Арашев, пак, вели дека високите температутри во САД не се изненадување, додека за Русија тоа е сосема ново.

Од американкиот национален институт задолжен за следење на окенаската и атмосферската температура велат дека во јули, температурата на водата и на земјата во целиот свет била на највисоко ниво, откако започнале да се мерат темературите во 1880-та година.

Во својот напис, Арашев ги изнесува теориите на заговор. Тој се соменва дека Истражувачката програма за висока фрекевнција, која е финансирана од американскиот оддел за одбрана на Универзитетот во Аљаска се обидува да развие технологија за подобрување на радиокомуникациите. Арашев пишува дека нејзината вистинска цел е да создаде нови оружја за масовно уништување, со цел да ја дестабилизира животната средина и земјоделските сиситеми во некои земји.

Во статијата, Арашев исто така пишува дека беспилотното летало на Пентагон X-37B, кое својот лет го започна во април оваа година, носи ласерско оружје и може да биде клучната компонента за климатските промени. Тој ги споменува и напорите на американската влада за време на виетнамската војна, со вештачки дожд и облаци да се блокираат непријателите. Но и покрај се, Арашев вели дека тој не заговара теории.

„Моите коментари немаат за цел да ги обвинуваат Соединетите Држави или било која друга земја за влијанието врз Русија.“

На прашањето дали и Русија еспериментира со методите за контрола на климата, Арашев вели дека тој не е член на владата и нема информации за таков проект.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG