Достапни линкови

Термоцентралата Осломеј тивок убиец


Протести на жителите од Осломеј поради загадувањето на животната средина

Протести на жителите од Осломеј поради загадувањето на животната средина

Жителите од неколку локални села започнаа протести поради загадувањето од термоцентралата Осломеј.

74-годишниот Решит Зенкоски од селото Жубрино во Општина Осломеј е сериозно загрижен за здравјето на своето семејство, особено на внуците, откако пред 5 години почина неговата сопруга болна од рак на белите дробови. Медицинските стручњаци во Виена се сомневале дека жената е долгогодишен страстен пушач, но кога дознале дека живеат во близина на термоцентрала, како што вели Зенкоски, сите сомнежи прекинале. Зенкоски живеат во непосредна близина на термоцентралата Осломеј, отровната прашина и при најтивок ветер се крева и разнесува на сите страни.
Реков, пред куќата ни е термоцентралата, а професорот ми одговори: ’а тоа е рак од термоцентралата‘. Има во селото заболени од рак и од астма.


Загадување од термоцентралата Осломеј
„Реков, пред куќата ни е термоцентралата, а професорот ми одговори: ’а тоа е рак од термоцентралата‘. Има во селото заболени од рак и од астма“, вели Зенкоски.

И неговиот соселанец Шпреси Зенку е револтиран зашто, како што вели, пепелот од РЕК Осломеј, се фрла пред селото со години, луѓето се почесто се разболуваат, но никој не презема мерки и не води грижа за нивната животна средина и здравје.

„Прво не можеш едно јаболко да изедеш бидејќи се е црно, второ облека переш и бела е, а наутро стануваш и цела е црна, трето сите деца се болни кашлаат.“

Немоќни да го решат сами проблемот, локалното население од Жубрино, со маски на лице, со траспаренти испишани со пораки за дислоцирање на отпадот на друга страна, тие неколку дена го блокираат исфрлањето на индустриската прашина од Осломеј. Револтирани бараат од РЕК Осломеј, а со помош на надлежните инспекции да се прекинe загадувањето на нивната животна средина.
Ние ќе тужиме заради штетата од термоцентралата и ќе излеземе
на суд.


„Да се санираат сите штети што се направени од термоцентралата.“

„Термоцентралата има направено големи штети во селото за што бараме помош.“

„Ние ќе тужиме заради штетата од термоцентралата и ќе излеземе на суд“, регираат жителите.

Не само што е доведено во опасност здравјето на децата, младите и сите жители на селото, зашто процентот на заболени секоја година е се поголем, туку и земјоделските производи и почвата се полни со отрови. Облаци со прашина секој ден се креваат над селото, а жителите не можат ни слободно да се прошетаат.

Речиси истиот проблем на Жубрино го имаат половината од вкупно 10.000 жители на Општина Осломеј. Тие најавуваат дека протестите ќе продолжат деноноќно и помасовно се додека не се исполни нивното единствено барање.
Од РЕК Осломеј, одбиваат да контактираат со медиумите. Надлежните инспекции, како што тврдат жителите, се уште не извршиле увид на оваа алармантна состојба со загадување на еко системот во Општина Осломеј.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG