Достапни линкови

logo-print

Пакистан: Загриженост за состојбата по поплавите


Владата на Пакистан одржа состанок за состојбата во земјата које е зафатена од поплави и на која и се заканува хуманитарна катастрофа, бидејќи се најавуват нови врнежи. Премиерот Јусуф раза Гилани ги повикал министрите да ја олеснат борбата со ситуацијата и да ги проценат штетите. Од ОН велат дека поплавите кои се најлоши што ја зафатиле земјата во последните неколку децении погодиле повеќе од 3 милиони луѓе а повеќе од 1.400 загинале . Aмериканскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека Вашингтон ќе одвои 10 милиони долари помош, покрај други видови на помош, како распоредување на експерти , луѓе кои помагаат на загрозеното население, испратиле храна. Од армијата на Пакистан соопштуваат дека е при крај операцијата за спасување на населениете отцепено заради поплавите
XS
SM
MD
LG