Достапни линкови

Од Мексиканскиот залив остранети 75 проценти од нафтата


Околу 75 проценти од излејаната нафта во Мексиканскиот залив веќе е исчистена, соопштуваат од Белата куќа. По екплозијата на платформата за вадење нафта во април , истекле 4, 9 милиони бареле нафта. Излевањето беше запрено на 15 јули , кога со голем вентил беше затворена пукнатината од која истекуваше нафтата. Американските служби се надеваат дека наскоро ќе ги остранат и преостанатите 25 проценти нафта кои сеуште се наоѓаат во океанот.
XS
SM
MD
LG