Достапни линкови

Досега во пожарите во Русија загинале 48


Во шумските пожари во Русија загинале 48 луѓе, соопштуваат руските власти. Од министерството за итни случаи денеска соопштуваат дека некои од пожарите кои ја зафатија земјата се надвор од контрола. Стотици нови пожари се појавуваат секој ден . Русија се соочува со екстремно високи температури што предизвика пожари на секаде низ земјата. Илјадници пожарникари, полициски сили, волонтери учествуваат во гасењето на пожарите . Рускиот претседател Дмитри Медведев вчера прогласи вонредна состојба во 7 региони зафатени со пожари.
XS
SM
MD
LG