Достапни линкови

Стагнира потрошувачката во еврозоната


Жителите од 16 држави во Европската Унија, кои како заедничка валута го користат еврото, и натаму се двоумат околу трошењето, наспроти намалувањето на должничката криза што во текот на годината ја притискаше еврозоната.Во анализата која ја изработиле од Евростат се наведува дека обемот на малопродажбата во еврозоната во јуни бил ист како и во мај, кога бил забележан раст од 0,4 проценти. Аналитичарите сметаат дека ваквата состојба не укажува на подобрување во економијата, бидејќи заздравувањето може да биде одржливо само ако граѓаните почнат да трошат повеќе. Досега економското заздравување на еврозоната најмногу зависеше од извозот на Германија.
XS
SM
MD
LG