Достапни линкови

ОН: дрвото што доведе до граничен судир било во Изреал


Дрвото кое беше повод за граничниот судир меѓу изарелските и либанските војници и во кој загинаа четири лица се наоѓало на територијата на Израел. Ова денеска го соопштија мировните сили на Обединетите нации распоредени во јужен Либан. Во вчерашниот судир загинале еден израелски офицер, два либански војника и еден новинар. До судирот дојде кога израелските војници се обиделе да го исечат дрвото за кое и двете страни тврделе дека се наоѓа на нивна територија.
XS
SM
MD
LG