Достапни линкови

Експлозија покрај конвојот на Ахмадинеџад


Денеска, како што јавуваат агенциите, експлодирала бомба покрај конвојот во кој бил иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Ова се случило во градот Хамедан во западниот дел на земјата каде што Ахмадинеџад требало да одржи говор. Спред извештаите, Ахмадинеџад не бил повреден и го одржал говорот кој бил пренесуван и на иранската државна телевизија. Се додава дека напаѓачот бил уапсен и оти во експлозијата имало неколкумина повредени.
XS
SM
MD
LG