Достапни линкови

Независноста на Косово завршено прашање?


Амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на ОН кои веќе го признале Косово синоќа оценија дека со мислењето на Меѓународниот суд на правдата за легалноста на независноста, спорот за тоа прашање е завршен. На седницата на Советот на која шефот на УНМИК Заниер го претстави тримесечниот извештај за Косово, тие се заложија за технички преговори меѓу Белград и Приштина кои не би задирале во статусот на Косово. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин, пак, изјави дека Москва не го променила мислењето и оти го почитува територијалниот интегритет на Србија.
XS
SM
MD
LG