Достапни линкови

УНМИК: на Косово релативно стабилно


Шефот на УНМИК Ламберто Заниер оцени дека ситуацијата на Косово во изминатите три месеци била релативно стабилна и оти е потребен дијалог меѓу Белград и Приштина за да се смалат тензиите и да дојде до помирување на заедниците. Претставувајќи го тримесечниот извештај пред Советот за безбедност на ОН, Заниер рече дека по мислењето на Меѓународниот суд на правдата за легалноста на прогласувањето на независноста на Косово, постои можност Белград и Приштина да започнат дијалог заради наоѓање конструктивно решение. Тој оцени дека дијалогот е многу важен за ситуацијата во регионот.
XS
SM
MD
LG