Достапни линкови

logo-print

ОН длабоко загрижени поради израелско- либанските судири


Советот за безбедност на ОН синоќа изрази длабока загриженост поради смртоносните судири меѓу израелските и либанските сили и се придружи на апелот за воздржаност што го упати Генералниот секретар на организацијата Бан Ки Мун. По седницата на Советот, актуелниот претседавач, рускиот амбасадор Виталиј Чуркин го прочита соопштението зад кое стојат 15-те земји членки. Тие со нетрпение го чекаат заклучокот од истрагата на силите на ОН во Либан- УНИФИЛ, со цел таквите инциденти да бидат избегнати во иднина, додаде Чуркин.
XS
SM
MD
LG