Достапни линкови

Две експлозии во Ирак, 17 загинати


Најмалку 17 лица загинале а 31 се ранети во две истовремени експлозии во ирачкиот град Кут, 160 километри јужно од главниот град Багдад. Според претставник на полицијата, од јачината на експлозијата искршени се стаклата на многу излози, а оштетени се и магацини и автомобили кои биле паркирани во близина. Ова е најтежок напад во Кут, од судирите на американските и ирачките сили со шиитските бунтовници во март 2008-та, кога загинаа 44 лица, а 75 беа ранети.
XS
SM
MD
LG