Достапни линкови

Воени вежби на кинеската армија


Кина почна петдневни воени вежби со учество на борбени авиони и илјадници војници, иако владее засилена воена и дипломатска напнатост во односите со САД. Според кинеските медиуми, во вежбите ќе учествуваат повеќе од сто авиони, кои ќе користат боева муниција и ќе симулираат одбрана на Пекинг од воздушен напад. Ова се случува во моментот кога Кина и САД спорат околу заедничките американско- јужнокорејски маневри покрај брегот на Јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG